Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп би можел да доведе свој сонародник во Ливерпул оваа сезона.
Еден од фудбалерите кои би можел да биде ѕвезда на преодниот рок е Јулијан Дракслер.
Офанзивниот фудбалер беше на мета на Јувентус минатото лето, сепак Германецот го избра Волфсбург. Оваа година импресионираше на Европското првенство и беше еден од најдобрите во германската репрезентација.
“Јасно е дека Волфсбург не е неговиот сон, како што не беше ниту Шалке”– изјави претседателот на клубот.
“Постојат клубови кои покажаа интерес за него, а тоа се Реал Мадрид, Барселона и еден клуб од Англија”- додаде Клаус Алофс.
Сите се убедени дека тој англиски клуб е Ливерпул, а некои англиски медиуми пренесуваат дека “Црвените” се спремни да понуда 52 милиони евра за неговите услуги.