Вооружени крадци се обиделе да ограбат ѕвезда на Реал Мадрид! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена голема непријатност прежива Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона, откако во неговиот дом влегле неколку крадци, кои го истепале и ограбиле, а слично нешто за малку ќе му се случело и на Дани Карвахал од Реал Мадрид.

Шпанскиот репрезентативец, сепак, успеал да се спаси бидејќи алармот му јавил дека има крадци во неговиот дом, по што непознатите лица веднаш избегале и не успеале да го ограбат.

За жал, таква среќа немаше Обамејанг кој беше претепан пред неговата сопруга во Барселона, па тоа беше уште една причина зошто вчера го напушти каталонскиот гигант и се пресели во Челси.