„Вотката ми беше најдобар пријател, уништив два брака и ја загубив жената од моите соништа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Весли Снајдер беше еден од најдобрите фудбалери во светот пред да замине во пензија, а најголеми успеси оствари во екипите на Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај, но сепак сега призна дека преселбата во шпанскиот гигант била грешка.

Снајдер во 2007 година од Ајакс се пресели во Реал Мадрид и остана во гигантот две години, но притоа уништи два брака и сега му е жал поради тоа.

„Не бев свесен дека преселбата во Реал ќе значи нешто лошо за мене. Бев млад и уживав во успехот. Не се дрогирав, но пиев алкохол и се паѓав по улици. Трошев илјадници евра на пијалоци, не знаев дека најдобар пријател ми е вотката. Руд Ван Нистелрој ми го кажа тоа, Робен ми го повтори истото. Ми кажаа дека нема да издржам долго во таков ритам. Се забавував со лоши пријатели и жени“, вели тој.

Поранешниот фудбалер вели дека никогаш не ја преболел неговата втора сопруга,

„Не знам што ме натера на тоа. Его? Пари? Моќ? Ме боли душата поради разделбата. Таа беше жена на моите соништа. Изгубив сè и јас сум виновен за тоа“, кажа Снајдер.