Возачите на Астон Мартин не можат да возат цела трка поради ризик по здравјето


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шефот на Астон Мартин, Адриан Њуи, изнесе загрижувачки информации пред трката за Големата награда на Австралија, со која овој викенд ќе започне годинешното првенство во Формула 1.

Њуи откри дека возачите на тимот, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, ризикуваат трајно оштетување на нервите во рацете поради силните вибрации на болидот.

Екипата од Силверстон имаше проблеми со новиот болид AMR26, кој го дизајнираше токму Њуи, за време на предсезонските тестирања.

Најголемиот предизвик беше доверливоста на погонската единица на производителот Хонда.

Поради тоа, тимот и јапонскиот производител интензивно работеа во Велика Британија и Јапонија за да ги решат проблемите, кои главно беа поврзани со силните вибрации што предизвикуваат откажување на батеријата во погонската единица.

“Фернандо смета дека не може да вози повеќе од 25 последователни кругови без ризик од трајно оштетување на нервите во рацете. Ланс верува дека кај него тој праг доаѓа уште порано – веќе по 15 кругови. Затоа, ќе мораме сериозно да го ограничиме бројот на кругови кои можеме да ги возиме во трка, сè додека не го решиме причинителот на вибрациите”.

.