Враќањето на Мајк Тајсон би можело да вреди повеќе од милијарда долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајк Тајсон реши да се врати на рингот со серија хуманитарни натпревари во кои легендарниот боксер ќе се обиде да собере што е можно повеќе пари во хуманитарни цели.

Тајсон тренира напорно за неговото враќање и изгледа навистина фантастично, а има голем интерес за неговите услуги низ целиот свет.

Многу sвезди се споменуваат како потенцијални ривали. Меѓу нив се Тајсон Фјури, кој, наводно, веќе прифатил покана за натпреварот, потоа Евандер Холифилд и поранешните sвезди на ММА Тито Ортиз и Вандерлеј Силва.

Тито Ортиз верува дека враќањето на Тајсон би предизвикало вистински хаос и дека заработката од борбата би можела да биде највисока во историјата на боксот – се споменува бројката од околу една милијарда долари.

„Колку пари имаше во натпреварот помеѓу Конор и Мејведер? Мислам дека би можеле да ја удвоиме таа сума“, рече Ортиз.

И ќе го дознаеме противникот наскоро. Фјури вчера објави дека прифатил хуманитарен натпревар против Железниот Мајк, но многу други исто така тврдат дека пристигнала поканата за натпреварот.