Вредеше болката: Ѓоковиќ испиша нов рекорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со победата против Милош Раониќ во осминафиналето стана втор тенисер кој стигна до 300. победа на гренслем-турнирите.

Бранителот на трофејот во Мелбурн стисна заби во неделата и во четири сета успеа да го надигра незгодниот Раониќ, по што закажа четвртфинале против Александер Зверев.

Пред Ѓоковиќ до овој успех на гренслем-турнирите стигна само Роџер Федерер, кој во моментов има 362 победи, додека Рафаел Надал има 285.

Интересно е тоа што ова за Ѓоковиќ е 12. четвртфинале на Австралијан опен во последните 14 години.