„Време е Солскјер да замине, не гледам ништо добро во играта на Јунајтед“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд смета дека е време Оле Гунар Солскјер да ја напушти клупата на тимот.

Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ е разочаран со настапите на англискиот гигант.

„Го гледам нашиот тим секоја недела и се прашувам што ќе направи тактички. Не гледам никаква филозофија или идентитет во играта на Јунајтед. Збунет сум“, кажа Фердинанд.

Англичанецот не крие дека имал големи очекувања по летниот преоден рок и во моментов е разочаран од резултатите.

„По летниот преоден рок сите бевме возбудени. На почетокот на сезоната мислевме дека ова е наша сезона“, објаснува поранешниот фудбалер.