Вујовиќ: Ова е срамно, СЕХА не ни дозволи да играме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар нема да се бори за нова титула во СЕХА-лигата бидејќи вчера раководството на регионалното натпреварување ги исфрли „црвено-црните“ од завршниот турнир.

Вардар преку двомечот со ППД Загреб се избори за Ф4, но поради позитивен случај на ковид-19 не им беше дозволено да патуваат во Задар.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е разочаран и кажа дека ова е срамна одлука.

„Каква срамота. Велат дека е позитивен само Борко додека за седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцина, па се критични. Сакавме да го повториме тестот, но не ни дозволија. Сите имаме ПЦР тестови, баравме да направиме повторно. Сакав дури да играм и со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но и тоа не ни го дозволија“, изјави Вујовиќ.