Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот шпански репрезентативе Чави Ернандез би можел од наредната сезона повторно да биде дел од Ла Лига.
Тој е легенда на Барселона и шпанската репрезентација, иако последните години игра во Катар, но на крајот од сезоната престанува со активно играње фудбал.
Но, тој е спремен веднаш да вплови во тренерските води, а негов прв предизвик би можел да биде во Шпанија. Според информациите од Шпанија, Бетис е одлучен да го именува за тренер.
Иако нема тренерско искуство, во него сите веруваат, па така и челниците на Бетис сметаат дека тој би можел да биде вистинскиот избор.
Бетис моментално е на средина на табелата, клуб кој не успеа да се избори за Европа, но целта за наредната сезона е сосем сигурна, клубот повторно да се врати на европска сцена и тоа со легендарниот Чави.