За еден фудбалер на Ливерпул заврши сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул славеше со 2-0 против Шефилд јунајтед, но тренерот Јирген Клоп по натпреварот доби лоша вест, а тоа е дека Жоел Матип се повредил.

Матип го повредил коленото поради кое ќе паузира до крајот на сезоната. Тој се здоби со повреда во завршницата на мечот против Фулам, а Клоп уште тогаш најави дека проблемот е голем.

„За жал, се остварија прогнозите. Матип ги скина вкрстените лигаменти во коленото. Ќе видиме кога ќе се врати на теренот“, кажа Клоп.