За крај на пеколното купување – Аксел Витсел! Матиќ и Верати се недостижни за старата дама


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, постои одредено несогласување со цената со Зенит за белгискиот фудбалер.

Миралем Пјаниќ, Дани Алвеш, Мехди Бенатија, Марко Пјаца, Гонзало Игуаин, па на крајот и Аксел Витсел?

Се поизвесно е дека Јувентус бомбастичниот преоден рок ќе го заврши со уште едно купување, а после деталните анализи, Бепе Марота го избра белгискиот фудбалер.

Со шопинг во Санкт Петербург, старата дама ќе ја затвори и последната дупка во тимот која ќе ја има после заминувањето на Пол Погба.

Аксел Витсел од раководството на Јувентус беше избран пред Немања Матиќ и Блез Матуиди.

Меѓутоа, Јувентус има две пречки кои влијаеја на ваквиот расплет. Менаџерот на Челси, Антонио Конте го обележа Матиќ како важен играч во системот. Со Матуиди ситуацијата е подруга. Новиот тренер на ПСЖ, Унаи Емери неодамна порача дека Матуиди е слободен со изборот на нов клуб после доаѓањето на Криховиак од Севиља, но цената од 40 милиони евра за Јувентус е преголема.

Поради тоа во прв план излета Витсел кој ги одби Рома и Наполи, но Јувентус го чека. Се зависи од тоа дали Погба ќе замине.

Проблемот во потенцијалниот трансфер е тоа што Зенит бара 25 милиони евра, а Јуве не планира да плати повеќе од 18 милиони евра. Повторно од финансиски причини.