Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер има финансиски проблеми во последно време, па поради тоа гигантите се обидуваат да ја искористат ситуацијата и да му украдат некоја од ѕвездите.
Во Милано пристигнала понуда од Челси, а таа била за белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку и изнесувала 90 милиони евра плус Маркос Алонсо.
„Нераѕурите“ не размислувале премногу и веднаш ја одбиле понудата затоа што не сакаат да го продадат напаѓачот, кој минатата сезона со 24 гола ги водеше до Скудетото.
Интер веќе го изгуби Ашраф Хакми, кој замина во ПСЖ, а претходно кормилото го напушти и Антонио Конте, а на негово место пристигна Симоне Инзаги.
Лукаку играше за Челси во период од 2011 до 2014 година, кога настапи на само 15 меча.