За ова се чекаше седум години: Семејството на Шумахер ги отвори вратите од неговиот дом!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Најдобриот возач во Формула 1, Михаел Шумахер пред седум години имаше тешка несреќа на скијање и од тогаш јавноста ништо не знае за него.

Семејството на легендарниот Германец ги затвори капиите на неговиот дом, па ниту најблиските пријатели не смеат да го посетат.

Сепак, тоа наскоро ќе се промени. Семејството на Шумахер ќе дозволи ТВ екипа да влезе во домот во кој живее Шумахер, а тоа ќе го дозволат за потребите за снимање на документарен филм.

Засега не е познато кога ќе биде објавен филмот, а екипата ќе добие ексклузивни снимки од неговиот дом.

„Филмот ја покажува импресивната кариера на Шумахер, но и многу други работи…“, велат од семејството.