Заборавен ас во Премиерлигата: Се венчаше во јуни, а следниот месец сакал да спие со медицинска сестра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Дефо е во центар на внимание поради тоа што во јуни се венчаше со Дона Тирни, а само еден месец подоцна сакал да спие со медицинска сестра.

Дефо работи како фудбалски аналитичар, откако ја заврши кариерата, а последен клуб во кариерата му беше Сандерленд, додека во Премиерлигата играше за Вест хем, Тотенхем, Портсмут и Бормут.

Ќе остане запаметен по 20 голови за англиската репрезентација, но и големиот број афери кои го следеа во текот на кариерата.

„Го запознав Дефо пред многу години во бар, но ништо не се случи. Останавме во контакт, а тој очајнички почна да флертува со мене и бараше да спиеме заедно. Но, кога дознав дека е венчан, не сакав да имаме ништо“, открива медицинската сестра.