Заедничката фотографија на Буфон и Шевченко со легендарен опис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џианлуиџи Буфон и Андреј Шевченко се вистински легенди на фудбалската игра, а својата слава ја стекнаа играјќи во Италија.

Додека Буфон сеуште се двоуми дали да ја заврши својата кариера и покрај тоа што има 41 година, Шевченко веќе три години е селектор на Украина.

Италијанецот и Украинецот обележаа една ера не само за италијанскиот, туку и за светскиот фудбал играјќи за Јувентус, односно за Милан.

Буфон едно од најголемите разочарувања во својата кариера го доживеа во 2003 година во финалето на Лигата на Шампионите. Тогаш Росоњерите после решавачката игра со пенали ги победија Бјанконерите, а одлучувачкиот удар го зададе Шевченко.

Неколку години покасно Буфон му прости на некогашниот добитник на Златната топка за целиот бол кој му го има нанесено за време на својата кариера.

„И покрај болката која ми ја нанесе, јас сум човек кој попушта и особа која простува. Многу ми е драго што те видов повторно и повторно те гушнав“, напиша Буфон на својот официјален Инстаграм профил.