Заедно гледале натпревар, а потоа Тухел кажал нешто поради што Лукаку збеснал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку по само една сезона го напушти Челси и се врати во Интер, иако премиерлигашот за неговите услуги плати 120 милиони евра, но Белгиецот не ги оправда очекувањата.

Лукаку имаше сезона која ќе сака што е можно побрзо да ја заборави, а вчера беше потврдено неговото враќање во поранешниот италијански шампион.

Откако го напушти Челси, во јавност се појавуваа различни приказни за тоа што Лукаку и Томас Тухел повеќе не сакаа да соработуваат.

Не е тајна дека Лукаку и Тухел не беа во добри односи, а британски „Сан“ објави кога се скарале.

Тоа се случило за време на меч на Тотенхем, кога Тухел му кажал нешто на Белгиецот поради што тој ептен се изнервирал.