Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалија во Париз стана прв пат шампион на Европа. Кога се ќе се собере и одземе, некако и заслужено.
Навистина, се провлекоа уште од групната фаза Португалците, играа помалку досадно и дефанзивно, но малку по малку – финале.
Не им даваа големи шанси против домаќинот Франција, а шансите значително опаднаа кога се повреди и во 23 минута излезе Кристијано Роналдо.
Но тоа на Португалија не пречеше, се бореа, истуркаа до продолжениај, а тогаш влезе шутот на Едер за големо славје.
Важна алка во екипата на Португалија, посебно во финалето, беше Пепе. Избран за МВП во финалето, пружи одлична партија во одбраната, а токму тој е со Кристијано Роналдо глава во оваа репрезентација.
Тие двајца се авторитетни, даваат совети на младите, ги држеше работите, што би се рекло, под конец. А интересно е дека дцајцата заедно потекнаа во Спротинг и дека животнит пат ги доведе во Реал Мадрид.
Почнаа заедно, заиграа во Реал заедно, почнаа со Кралевите да освојуваат бројни трофеи и заедно сега ја слават можеби и најголемата победа во кариерата…