Загина поранешна олимписка шампионка откако паднала од 17 кат

Бразилските медиуми пишуваат дека одбојкарката Валевска Олиевира загинала по пад од 17 кат на зграда во Сао Паоло.

Информацијата за нејзината смрт ја потврди одбојкарската федерација на Бразил, а локалната полиција истражува дали станува збор за самоубиство.

Медиумите пишуваат дека полицијата пронашла вино и писмо, но засега нема потврда од страна на надлежните органи.

Оливеира играше на Олимписките игри (ОИ) во Пекинг во 2008 година и го освои златниот медал, а претходно се закити и со бронза во 2000, а четири години подоцна нејзината репрезентација заврши четврта на игрите.