Зајков ќе игра во Бугарија до крајот на сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков пред неколку месеци потпиша за Ворскла од Украина, но не го дочека неговото деби за тимот бидејќи почна војната со Украина и поради тоа мора да замине на одреден период.

Претседателот на бугарска Славија Софија, Венци Стефанов кажа дека го ангажирале Зајков како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

„Го ангажиравме Зајков, кој ќе игра во Славија како позајмен фудбалер до крајот на сезоната“, кажа првиот човек на бугарската екипа.

Зајков по завршување на сезоната треба да се врати во Ворскла, меѓутоа тоа ќе зависи од ситуацијата меѓу Украина и Русија.