Закани од Холандија: Веднаш ќе заминеме од натпреварот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта ќе игра против Чешка, а трибините на стадионот ќе бидат исполнети до последното место.

Пеколна атмосфера владееше во мечот меѓу Унгарија и Франција (1-1), кога дел од домашните навивачи расистички го навредуваа Килијан Мбапе, а Холанѓаните се свесни поради тоа и Жоржињо Вајналдум се закани дека ќе си замине од мечот ако биде навреден.

„Размислував за тоа. Можеби ќе го направат тоа, кога ќе излеземе на теренот. Мора да разговараме со судијата. Можеби ќе го напуштиме теренот“, кажа фудбалерот на Ливерпул.

Вајналдум игра одлично на ЕП, а досега постигна три гола и Холанѓаните се едни од фаворитите за висок пласман на турнирот.

Вајналдум во 2019 година постигна хет-трик во мечот против Естонија во квалификациите за ЕП, а потоа заедно со Френки Де Јонг славеше и ја стави раката до неговата и покажа дека сите се исти без разлика на бојата на кожата.