Закани за познат тенисер: Ќе те ловам и ќе те заколам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данскиот тенисер Холгер Руне пријавил во полиција дека добил закани по неговиот живот преку социјалните мрежи.

Во една од нив се споменува и употреба на нож, па поради тоа Руне решил да го пријави случајот, а неговата мајка ја објави пораката.

„Е*и се кучкин сине, ќе те ловам и ќе те заколам. Ќе ти ја отсечам главата и ќе те има на сите вести. Доаѓам по тебе“, гласела заканата испратена кон Руне.

Полицијата веќе работи на случајот и го бараат навивачот кој ги испратил заканите преку социјалните мрежи.