Замина во тишина: Светот му предвидуваше величествена кариера, а Светското првенство беше последниот танц


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Постојат фудбалери за кои сите веруваат дека ќе станат светски ѕвезди. Веќе како тинејџери добиваат етикета “нов голем играч”, медиумите ги воздигнуваат до небесата, а најголемите клубови вложуваат огромни очекувања.

Меѓу нив беше и Гаел Какута. Пред 16 години цела Европа зборуваше за неговиот талент, а мнозина беа уверени дека тој ќе обележи една фудбалска генерација.

Какута во 2010 година беше еден од најдобрите играчи на Европското првенство за фудбалери до 19 години, на кое Франција го освои насловот првак.

Неговите одлични партии му донесоа статус како еден од најперспективните млади играчи во светот, и веќе тогаш го носеше дресот на Челси, каде што веруваа дека во своите редови имаат идната ѕвезда на европскиот фудбал.

Сепак, кариерата не тргна по патот кој сите го очекуваа. Наместо да стане лидер на голем европски клуб, Какута со години менуваше средини во потрага по континуитет.

Играл за неколку клубови во Англија, Франција, Шпанија и Италија, покажувајќи повремени блесоци на огромен талент, но никогаш не успеа да оствари кариера каква што му предвидуваа кога беше тинејџер.

По тоа што не го дочека повикот во сениорската репрезентација на Франција, одлучи да го облече дресот на Демократската Република Конго, земјата од која потекнува неговото семејство.

Во дресот на “Леопардите” пронајде нова мотивација и стана важен дел од репрезентацијата. Дебитираше во 2017 година, а за ДР Конго одигра 31 натпревар и постигна пет гола.