Замина во затвор со неколку долари на сметка, но потоа излезе и направи милиони!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо успеа да се врати на нормалниот начин на живот откако минатата година излезе од парагвајскиот затвор.

Роналдињо неколку месеци мина во затвор во Парагвај затоа што беше фатен со фалсификувани документи.

Бразилецот мина неколку месеци во затвор и без сомнеж тоа за него беше најтежок период во животот. Роналдињо прогласи банкрот, а беше објавено и дека на сметката во банка има само неколку долари.

Меѓутоа, откако излезе од затвор очигледно Роналдињо конечно застана на свои нозе. Набрзо потоа доживеа нов удар бидејќи почина мајка му.

Во последно време Роналдињо работи под полна пареа ширум светот, па снима многу реклами и учествува во хуманитарни акции и изгледа одлично.