„Заминуваш во Манчестер сити, клуб кој е многу помал од овој!“ ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рубен Дијас потпиша за Манчестер сити и ја засили одбраната на тимот на Пеп Гвардиола, а на заминувањето од Бенфика беше емотивен.

Дијаз замина во солзи, но зборовите кои ги кажа Жорж Жесус сигурно ќе погодат многу љубители на фудбалот.

„Заминуваш од клуб кој е многу поголем од Манчестер сити, само што е финансиски послаб“, кажа Жесус на својот поранешен фудбалер.

Дијас во Сити ќе замине за 68 милиони евра, плус бонуси од 3,6 милиони, додека Бенфика го откупи и Николас Отаменди од премиерлигашот.