Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Николо Заниоло вчера го гледаше натпреварот на Примавера, мечот на младите тимови на Рома и Фиорентина и по натпреварот влезе во тежок конфликт со стручниот штаб на Рома, како и со младите играчи од тој тим.
Заниоло ги исмејуваше играчите кои ги тренира Џанлука Фалсини, тренерот на Рома, а потоа почнаа и тешки зборови, како и шамари, како што јавува Спорт Италија.
Тоа не е сè, на крајот Заниоло влезе во соблекувалната и удри еден млад играч од Рома со тупаница.
„Рома објавува дека по завршувањето на денешниот натпревар се случил непријатен инцидент во кој учествувал Николо Заниоло.
Според досегашните информации, играчот се упатил кон соблекувалната на младинскиот (Примавера) тим по натпреварот и притоа се однел провокативно кон одделни млади фудбалери од клупската младинска школа. За време на конфликтот, физички биле нападнати двајца фудбалери од Примавера тимот.
АС Рома најостро го осудува секое агресивно однесување или постапки кои не се во согласност со спортските вредности“, се наведува во соопштението на Рома.
Фото: ACF Fiorentina