Запакоста по само еден месец во Рома би можел да се врати во Челси

Давиде Запакоста би можел да се врати во Челси по само еден месец поминат на позајмица во редовите на Рома.

Запакоста доживеа сериозна повреда на коленото на денешниот тренинг и веројатно ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.

Претходно Запакоста заработи повреда на натпреварот против Лацио кој се одржа пред нешто помалку од еден месец, па ова е веќе втора повреда во Рома за краток период.

27 годишниот фудбалер играше на вчерашниот натпревар против Волфсбергер кога влезе во второто полувреме.