Официјално: Започната постапка против Хрватска


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) поткрена денеска дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Хрвтска (ХНС) поради дивеење на навивачите на натпреварот против Чешка на ЕП во Франција.

Како што се наведува во соопштението, постапка против ХНС е започната бидејќи нивни навивачи употребиле пиротехнички средства, фрлале оштри предмети на терен, но и пееле навредливи песни, и истакнале расистички транспарентни.

Фудбалерите на Хрватска и Чешка одиграа вчера нерешно 2:2 во натпреварот од второто коло од Група Д од ЕП.

Мечот беше прекинат на околу пет минути во самата завршница поради бакли и фрлање на пиротехнички средства на хрватските навивачи на терен.

УЕФА казната поради инцидент на стадионот во Сент Етјен ќе ја донесе во понеделник.

Европската куќа на фудбалот истотака денеска започна дисциплинска постапка и против Фудбалскиот сојуз на Турција, бидејќи нивните навивачи на натпреварот со Шпанија користеа пиротехнички средства и фрлаа предмети на терен.