Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џампјеро Вентура официјално е претставен како нов селектор на Италија. Аѕурите на минатото ЕП беа феноменални, иако можеби со најслаба генерација во последните 50 години.
Вентура на клупата ќе го замени Антонио Конте кој го превзеде Челси, а бидејќи е релативно непознат тренер, ќе ви донесеме некои занимливости за овој 68-годишен стручнак.
- Ова не е прв пат за Вентура да го менува Конте. Тој тоа го направи – со успех – во летото 2009 година после што Конте го внесе Бари во италијанската Серија А. Во наредната сезона Бари заврши на десеттото место со клупски рекорд од 50 бодови во Серија А.
Два пати Вентура ремизираше со Интер на Жозе Мурињо, а еднаш го победи Јувентус со 3:1
- Љубител на Пеп Гвардиола и шпанскиот фудбал.
– Искуството во Ла Лига е толку драгоцено што би работел и бесплатна сезона во Шпанија“, рече Вентура, а тогаш си го поткаса јазикот:
– за Џеновљаните зборот бесплатен е голем. Луѓето од овој град имаат репутација да се внимателни со своите пари.
- Со 68 години, тој е втор најстар тренер на Италија Фулвио Бернадини – кој беше година дена постар – 1974. Бернадини ја водеше репрезентацијата само шест натпревари. Вентура поради тоа може да стане најстар италијански тренер било кога на 26 јуни 2017 година.
- Вентура е оженет со Луциана која е 28 години помлада од него. Венчањето се случи во Бари на 1 јуни во оваа година, неколку дена што официјално е најавен како нов тренер на Италија.
– Морам да кажам дека моето венчавање е поважно отколку да бидам тренер на Италија, во спротивно набрзо ќе се разведам.
- Леонардо Бонучи добро го познава Вентура.
„Тој е одличен мотиватор, а многу е добар и во работа со младината“, рече Бонучи, кој играше под Вентура во Пиза и Бари.
- Бонучи, чие партнерство со Андреа Ранокија претставува бедем во одбраната на Бари, не е единствен играч кој го знае новиот тренер на Аѕурите. Анџело Огбона, Матео Дармијан и Чиро Имобиле играа под негово водство во Торино.
- Во Бари Вентура го доби прекарот „Господин Либидине“ после што на својата прва конференција за новинарите рече дека главна причина поради што стана тренер на Торино е – Либидо – кој таа работа му ја донесе!