Завршена приказна: Алаба си игра со Баерн Минхен, Баварците донесоа тешка одлука!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По долгите преговори и понуди кои ги доби австрискиот репрезентативец Давид Алаба, им дојде крај на напорите и трпението на раководството на Баерн Минхен и за нив овој фудбалер е „завршена приказна“.

Претседателот на баварскиот гигант, Херберт Хејнер потврди дека ги прекинале преговорите со Алаба.

„Му понудивме добра и фер понуда. На агентот на Давид му кажавме дека сакаме договор до крајот на октомври, но одговор не пристигна до саботата. Нашиот спортски директор Хасан Салихамиџиќ го контактираше агентот веднаш потоа, а одговорот кој го добивме е дека понудата не е добра и мора повеќе да се потрудиме“, кажа првиот човек на Баерн Минхен.

Поради тоа што клубот не му понуди нов договор, Алаба најверојатно ќе си замине од Баерн Минхен ова лето.