Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот кој се готвеше со недели конечно е завршен. Ќе се објави во наредните часови, Португалецот стигнува во Интер!
Жоао Марио е нов играч на Интер. Повеќе нема дилема, клубовите се договорија, ова ќе биде рекорден трансфер за Спортинг. Имено, во нивната каса ќе влезат околу 37 милиони евра, додека уште осум ќе инкасира менаџерската агенција која го држи договорот на фудбалерот.
Португалскиот репрезентативец инсистираше од почетокот на заминување во Серија А, неговиот клуб размислуваше, на крајот, симптоматично е изјавата на претседателот дека не се како другите и дека не сакаат да го задржат играчот против негова воља.
Водечките португалски весници објавија дека трансферот е завршен, „О Жого“ тврди дека одлучувачка била желбата на фудбалерот, додека Рекорд наведува дека дел од ошетатата е поврзана за бонуси.
Жоао Марио е дете на Спортинг, вистина беше во Порто како дете, но веќе многу рано стигна меѓу Лавовите.
Има 23 години, беше на позајмица во Сетубал, но веќе три сезони е стандарден во редовите на Спортинг.
Интересно е дека постариот брат истотака е фудбалер. Во прашање е Вилсон кој сега игра за Брага и кој многу ветуваше соевремено беше и млад репрезентативец, но кариерата не тргна во посакуваната насока.
Жоао Марио за репрезетацијата дебитираше во 2014 година собра повеќе од дваесет настапи, а беше помалку-повеќе стандарден во селекцијата на Португалија која го освои ЕП во Франција во ова лето.