Заврши големата серија на Баерн: Лајпциг сега може да сонува за титула


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Баерн Минхен и Лајпциг ремизираа во германското дерби синоќа. Заврши во непопуларни 0-0, иако и двата тима можеа да победат.

На крајот, гостите можат да бидат задоволни.

Интересно е што ова беше првиот натпревар на Баерн во сезоната во кој оваа екипа не успеа да постигне гол.

Баерн досега постигна 58 гола, скоро три на натпревар, но синоќа не најде решение за одбраната на Лајпциг.

Ова јасно ги покажува квалитетите на гостите кои сигурно ќе ја водат битката за титулата. Тие во моментов се на само бод позади Баварците.