Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
УЕФА го избра форматот за завршницата на Лигата на шампиони (ЛШ). Светските медиуми пишуваат дека ќе се игра во Лисабон, а натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат на два стадиони.
ЛШ ќе продолжи на 8 август кога ќе се одиграат преостанатите реванш-натпревари од осминафиналето меѓу Манчестер сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи, Баерн Минхен – Челси и Јувентус – Лион.
Четвртфиналето ќе се игра меѓу 12 и 15 август на стадионите „Хозе Алваладе“ и „Да Луз“. Полуфиналните натпревари се закажани за 18 и 19 август, додека финалето ќе се игра на 23 август.
Натпреварувањето во Лигата на Европа ќе продолжи на 5 и 6 август, кога ќе се добијат учесниците во осминафиналето, тогаш ќе следи Ф8 во Германија од 15 август, а финалето е закажано за 21 август.