Збогум Баерн: Разочараниот Левандовски си заминува од Минхен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ кажа дека нема да го продадат Роберт Левандовски, но „Билд“ пишува дека Полјакот јасно порачал дека си заминува.

Најдобриот стрелец на тимот е разочаран со клубот за кој играше во последните осум години, а на првиот состанок со Оливер Кан и Салихамиџиќ им кажал дека нема да ја продолжи соработката.

За иднината на Полјакот во Баерн не се зборувало, а тоа го разочара напаѓачот, кој оваа сезона постигна 48 гола во сите натпреварувања.

Првите информации се дека Левандовски би можел да се врати во Борусија Дортмунд, каде што играше до 2014 година, а треба да го преземе нападот од Ерлинг Халанд, кој по сè изгледа дека летово заминува од Дортмунд.