Згодната девојка на Милитао се расплака поради Јовиќ, па објави и видео 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ одигра одличен меч за Реал Мадрид и беше еден од најзаслужните за победата на „кралевите“ од 2-0 против Реал Сосиедад.

Јовиќ доби можност за игра во првото полувреме, откако се повреди Карим Бензема, па во 47. минута одлично го пронајде Винисиус Жуниор, а 10 минути подоцна постигна гол и ја оправда довербата на Карло Анчелоти.

По натпреварот се појави видео на социјалните мрежи од згодната Каролина Лима, која заплака поради Јовиќ, кој ја израдува со постигнатиот гол.

„Ќе плачам затоа што постигна гол, никогаш не игра, секогаш е на клупа, тешко е да влезе на терен, а тој постигна погодок“, кажа таа.

Лима е девојка на Едер Милитао и тие двајца се заедно веќе некое време, па Бразилката често коментира за натпреварите на Реал Мадрид.