Желбата на Клоп е чилеански репрезентативец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул и понатаму ги меша картите, конкретна понуда за Медел.

Ливерпул го напумпа листот и колоната со понуди ја пополни со осум цифри.

Според Кориере Дело Спорт, црвените спремија 15 милиони за фудбалерот за врска на нероазурите, Гери Медел. Желбата на Јирген Клоп е да го доведе 29-годишниот чилеанец и на тој начин да го засили талентираниот состав, но дали ќе биде доволна сумата.

Преговорите се почнати, го чекаме конечниот епилог.

Исто така, судбината на Балотели и Бентеке е неизвесна на Енфилд.

„Ако постојат клубови кои сакаат вистински напаѓач, ќе мораат да испратат реална понуда“, изјави Клоп.