Жиру доби јасна порака, Милано или Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп со коментар за моменталната ситуција на Оливие Жиру во Челси.

“Неговата ситуација во Челси не се промени последните два месеци. За него е подобро да оди во клуб каде ќе има поголема минутажа. Ако не може да игра во Челзи, тогаш треба да оди таму каде што може да игра. Не знам какви понуди има”, изјави Дешамп, пренесувааат  шпанските медиуми.

Некои медиуми пренесуваат дека за францускиот фудбалер се заинтересирани Атлетико Мадрид и Интер.

“Се сретнавме неодамна. Како и секој играч, самиот одлучува. Настапите на играчот во клубот му носат повик во репрезентацијата. Тој тоа го знае. Оливие мора да го избере најдоброто решение”, додава селекторот на светските шампиони.

Жиру одигра само седум натпревари оваа сезона. Минатиот јануари од Арсенал премина на “Стенфорд Бриџ” и од тогаш постигна само пет првенствени голови, но учествуваше во триумфот на Франција на Светското првенство во Русија во 2018. година.

Атлетико бара напаѓач поради повредата на Диего Коста, кој ќе отсуствува до февруари. Се шпекулираше дека мадридскиот клуб е заинтересиран за напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер, но во тој случај Атлетико ќе мора да продаде двајца свои играчи.

Челзи и Атлетико во предходните сезони правеа трансфери со играчи, вклучувајќи го Диего Коста, Филипе Луиз, Тибо Куртоа и Алваро Мората.

Во игра е и Интер бидејќи Конте посакува уште еден напаѓач, кој добро го познава Жиру бидејќи Оливие пристигна во Челзи кога Конте беше тренер.