Жиру може да бира: Ренџерс, Интер или Јувентус?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Оливие Жиру оваа сезона не е во плановите на Френк Лампард.

Шанса пред него добива Абрахам, но и други играчи, а тоа сигурно на Жиру не му се допаѓа.

Медиумите пренесуваат дека за него бил заинтересиран Интер, кој сака да го види во своите редови.

Покрај тоа, Стивен Џерард е заинтересиран да го доведе во Ренџерс, но прашање е дали Жиру ќе сака да замине во Шкотска.

Денес се појави нов клуб кој е заинтересиран за овој играч, а во прашање е Јувентус.

По пишувашата во италијанските медиуми Жиру би ја имал улогата на џокер од клупа, која до сега ја имаше Манџукиќ.