Жиру: Направив глупав потег зашто сè уште сум како дете! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан славеше со 2-1 против Специја во неверојатен финиш кога Оливие Жиру постигна гол за нови три бода, но потоа направи глупост и доби црвен картон.

Францускиот напаѓач неколку минути пред голот доби жолт картон, а очигледно заборавил на тоа, па реши погодокот за победа да го прослави така што го соблече дресот и доби втор жолт картон.

„Росонерите“ така останаа со фудбалер помалку до крајот на мечот, меѓутоа Специја не успеа да дојде до израмнување.

„Тешко е да се најдат правилни зборови. Лут сум на себе, пред да го направам тоа, постигнав гол и поради адреналин решив да прославам, сè уште сум како мало дете“, вели Жиру.