Жиру отворен да потпише и за третиот најголем клуб од Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру е отворен да си замине од редовите на синиот клуб и да се пресели во Тотенхем.

Утрово излегоа шпекулации дека Тотенхем би можел да направи шокантен трансфер и да го купи Оливие Жиру кој годинава не игра под водство на Френк Лампард.

Тотенхем остана без услугите на Хари Кејн кој подолг период ќе отсуствува поради повреда, а не успеаја да го ангажираат и Криштоф Пјонтек кој е пред трансфер во Херта.

Токму затоа изборот паднал врз Оливие Жиру кој доколку потпише за Тотенхем ќе има настапи во трите најголеми тимови од Лондон, Челси, Арсенал и Тотенхем.