Жиру прави трансфер во Интер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се чини дека францускиот напаѓач Оливие Жиру успеа да си пронајде нов клуб.

Тој минатата сезона го продолжи договорот со Челзи за уште една година, но бидејќи Френк Лампард пристигна во клубот не добива место да игра и јасно е дека е време да си замине.

Има многу клубови кои се поврзани со неговото заминување, а како што пренесува Скај Спорт, тој на крајот се договорил со Интер.

Нероазурите, според истиот извор, ги договориле личните услови со овој корпулентен напаѓач и клубовите останува да се договорат. Наводно Челзи бара осум милиони евра за овој играч, кој има само договор од шест месеци, а тоа е нешто што Интер не сака да го исполни во моментот.

Инаку, Скај Спорт пренесува дека на Жиру му бил понуден двегодишен договор доколку потпише за клубот од Милано, но тоа и другите лични услови важат само доколку трансферот се случи во јануари.

Жиру сега се надева дека Челзи малку ќе попушти и ќе ја намали нивната цена за да може да ја смени средината и конечно да игра оваа сезона.

Патем, самиот Лампард неодамна зборуваше за неговото заминување.

“Нема ништо ново. Ќе Ви го дадам истиот одговор како порано. Разговарав со Оливие и сè е јасно. Ако условите се задоволителни за него, за нас, за клубот, тогаш ќе размислиме да го продадеме само ако неговите позиција опфатена со доаѓањето на друг играч “, изјави Лампард пред неколку дена.

Жиру има забележано само седум настапи во сите натпреварувања оваа сезона и постигна еден гол.