Жозе Мурињо и Тотенхем доаѓаат во Скопје на гости кај Шкендија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моќниот англиски тим Тотенхем ќе пристигне во Скопје како гостин на Шкендија по денешните резултати од квалификациите во Лига Европа.

Тотенхем славеше потешко од очекувањата на гостувањето во Бугарија кај Локо Пловдив со 2:1, со два голови постигнати во самиот финиш од натпреварот.

Шкендија пак победи на гостувањето во Романија кај Ботошани со 1:0 и со тоа заслужено се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем ќе се игра пред празна арена „Тодор Проески“, а средбата е закажана за 24 септември.