Зидан доби одлични вести пред полуфиналето со Челси во ЛШ

Реал Мадрид во вторник ќе се соочи против Челси во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ).

Пред дуелот „кралевите“ добија одлични вести, а за разлика од двомечот со Ливерпул, сега на располагање на Зинедин Зидан ќе му бидат Дани Карвахал, Рафаел Варан и Еден Азар.

Реал во првенството направи два кикса. Најпрво во гости ремизираше против Хетафе, а потоа и на домашен терен против Бетис, па направија два чекори назад во борбата за титулата.

Натпреварот меѓу Реал и Челси се игра утре со почеток од 21 часот, а во вторник е закажан вториот полуфинален натпревар меѓу Манчестер сити и ПСЖ.

Бранител на титулата е Баерн Минхен, кој во четвртфиналето беше елиминиран од ПСЖ, па сезонава ќе добиеме нов шампион.