Зидан донесе конечна одлука за иднината на Иско!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид летово треба да го ангажира Еден Азар од Челси, па така Зинедин Зидан ќе добие уште еден квалитетен фудбалер во својата екипа.

Сепак, се поставува прашањето што ќе се случи со Иско по пристигнувањето на Азар.

Шпански „АС“ пишува дека Зидан ќе му даде важна улога на Азар во тимот, а поради него клубот би можел да го напушти Иско.

Шпанецот не воодушеви никого со своите настапи сезонава, а во првиот мандат на Зидан често го штитеа, но францускиот стратег загуби трпение, па реши да го пушти да замине од клубот.

Целата ситуација би можел да ја искористи Јувентус, кој е заинтересиран за искусниот Шпанец, па останува да видиме колку пари ќе понуди за неговите услуги.