Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Угледниот француски магазин „Л’Екип“ објави дека Зинедин Зидан е главен кандидат за селекторската позиција во Бразил.
Бразил го отпушти Тите по катастрофата која им се случи на Светското првенство (СП) во Катар, а францускиот медиум објави дека Бразил ќе бара странски тренер.
Прв избор на „кариоките“ беше Карло Анчелоти, но тој не сака да го напушти Реал Мадрид, па затоа како друго решение се споменува Зидан.
Францускиот тренер нема ангажман од 2021 година, кога си замина од Реал Мадрид со кој претходно освои 11 титули, откако го предводеше од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година.