Зидан ептен се изнервира по прашање на новинарите за Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Виљареал, а тренерот Зинедин Зидан на денешниот натпревар не можеше да смета на неколку стандардни фудбалери.

Актуелниот шпански шампион постигна гол за водство во втората минута преку напаѓачот Мариано Диаз, а израмнување донесе Жерар Морено од пенал во 76. минута.

По средбата новинарите го изнервираа Зидан со прашање зошто Еден Азар беше рано заменет од натпреварот, а на негово место влезе Винисиус Жуниор.

„Не грижете се. Вие правете си ја вашата работа, а ние продолжуваме со нашата. Азар исто така. Тој не играше долго и морам да ја одредувам неговата минутажа. Тој е со нас и се чувствува добро“, кажа Зидан.