Зидан ги реши дилемите за иднината на Јовиќ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за иднината на српскиот напаѓач Лука Јовиќ, за кого се појавија информации дека шпанскиот гигант сака да го продаде.

Јовиќ во моментов е во самоизолација затоа што беше во друштво на пријатели позитивни на Ковид-19, а „Марка“ денеска објави еден текст во кој го растури Србинот.

„Се надевам дека ситуацијата со Јовиќ набрзо ќе се промени. Тој не е задоволен како се одвиваат работите, беше повреден… Јовиќ е одличен фудбалер, напаѓач кој постигнува многу голови, но не играше премногу. Сметаме на него за следната година, па ќе видиме како ќе изгледа“, кажа Зидан.