Зидан го изненади прашање за Јовиќ: Не, не, не… Лесно е да се каже дека е моја грешка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ во претходните неколку дена беше во центар на внимание затоа што замина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт од Реал Мадрид, а на првиот настап постигна два гола.

Му беа потребни само десет минути на теренот и четири контакти со топката за да се запише во листата со стрелци на Франкфурт, а ја доби и наградата за играч на мечот.

Зинедин Зидан доби критики поради тоа што лесно го пуштил Јовиќ да замине од екипата, иако имаше и такви кои го пофалија тренерот на Реал Мадрид.

„Дали двата гола на Јовиќ се добра или лоша вест за Реал Мадрид? Не, не, не.. Баш спротивното. Ми се допадна тоа што го направи. Тоа е нешто што знае најдобро да го прави. Среќен сум поради него, а тој е фудбалер на Реал Мадрид“, порача Зидан.