Зидан имал сообраќајка со своето Ауди (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан учествувал во сообраќајна несреќа во близина на тренинг-центарот на клубот.

Зидан тргнал на тренинг, а сообраќајката се случила на кружниот тек. Инцидентот не бил опасен,  на возилата имало само материјална штета.

Аудито на Зидан завршило со неколку гребнатинки и останал без боја на неколку места, но легендарниот француски тренер морал да го напушти возилото и да размени податоци со возачот на другото возило.

Трофејниот стратег потоа нормално ги извршил работните обврски и се појавил на редовната прес-конференција пред незгодното гостување кај Осасуна.