Зидан имаше само пофалби за Иско по триумфот против Осасуна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера оствари триумф на тешкото гостување кај Осасуна, иако на стартот губеше со 0-1, но потоа Иско стапи на сцена и му помогна на својот клуб да победи.

Иско се очекуваше да го напушти Мадрид уште минатото лето, но тоа не се случи. Шпанецот остана во клубот за да се бори за минутажа, а току против Осасуна покажа што знае.

Тренерот Зинедин Зидан со пофални зборови го опиша настапот на Иско против Осасуна и очигледно го промени мислењето за него.

„Мислам дека ова е најдобар меч досега за него. Беше одличен. Покажа дека е важен фудбалер во средниот ред, посебно кога треба да се чува топката. Исто така, голот кој го постигна беше многу добар“, порача Зидан.