Зидан откри зошто Бејл не е во составот: Тој сам бараше…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан откри зошто Герет Бејл не е во составот за дуелот против Манчестер Сити.

„Кралевите“ бркаат негатива од 2:1 и ќе мора да победат на „Етихад“ доколку сакаат да се пласираат во следната фаза.

Отсуството на Бејл нема да промени многу затоа што Велшанецот од поодамна не е во прв план кај Зинедин Зидан.

„Единствената работа што можам да ја кажам е дека во личен меѓусебен разговор ми кажа дека преферира да не игра. Останатото останува меѓу мене и него. Ја објаснив сиутацијата таква каква што е и не сакам да додадам ништо повеќе“-изјави Зидан.